Олимписки игри

Дончиќ можеше да урне голем рекорд, но не сакаше да го направи тоа

Лука Дончиќ со маестрална партија ја предводеше Словенија до убедлива победа над Аргентина, постигна 48 поени, а можеше да урне голем рекорд, но реши да не игра по секоја цена.

На Дончиќ му фалеа уште седум поени за да го урне рекордот на Бразилецот Оскар Шмид од 1988 година и да стане кошаркарот кој постигнал најмногу поени на еден натпревар на Олимписките игри.

Предноста на Словенија беше огромна, па Дончиќ беше повлечен од игра брзо во последната четвртина.

Тој бил свесен за можноста да го урне рекордот, соиграчите и тренерот му рекле да влезе и да го направи тоа, но тој не сакал. Рекол дека не игра за да руши рекорди.

„Решив да излезам од игра бидејќи сметав дека мојата работа е завршена кога ја осигуравме победата. Не сум тука за да бркам лични рекорди туку за да победувам со мојата репрезентација. Ако играв до крајот, тоа ќе беше дополнителен притисок за сите, вака излегов и рутински го завршивме мечот до крајот. Не ме интересираат рекорди“, изјави Дончиќ.

Јака Блажиќ потврди дека побарале Лука да се врати во игра, но самиот тој не сакал.

„Побаравме од тренерот да го врати Лука во игра, но самиот тој не сакаше да се врати. Негова цел не е да соборува рекорди туку да победува со репрезентацијата“, изјави Јака Блажиќ.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе