НБА

Дончиќ ја продолжи победничката низа на Далас и му се заканува на рекордот на Мајкл Џордан (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го предводеше Далас до девета победа на последните десет меча, Словенецот со 22 поени, седум скокови и шест асистенции помогна „маверикс" да слават против Минесота со 121-114.

Далас се искачи на четвртата позиција на Западот (15-6) откако утрово нанижа уште еден триумф и славеше против Минесота со 121-114. „Маверикс“ имаа позитива од 13 (45-32)) на крајот од втората четвртина, но следуваше голем пресврт и предност на „волците“ од +11 (62-73).

Финишот од мечот сепак им припадна на домаќините па тие стигнаа до нова победа, девета на последните 10 меча.

Лука Дончиќ беше најдобар поединец во редовите на Далас со 22 поени, сесум скокови и шест асистенции за 32 минути поминати на паркетот. Со оваа партија, тој изедначи постигнување на Расел Вестбурк и му се заканува на рекордот на Мајкл Џордан.

Легендарниот Ем Џеј има серија од 18 натпревари на кои постигнувал најмалку 20 поени и забележувал по 5 или повеќе скокови и астенции. Лука Дончиќ има низа од 17 меча со ваква статистика, исто колку што има и Расел Вестбрук.

НБА резултати:

Шарлот - Голден Стејт 106:91
Детроит - Милвоки 103:127
Орландо - Феникс 128:114
Атланта - Бруклин 118:130
Бостон - Мајами 112:93
Чикаго - Мемфис 106:99
Оклахома - Индијана 100:107
Далас - Минесота 121:114
Јута - ЛА Лејкерс 96:121
Портланд - Сакраменто 127:116

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе