Лука Дончиќ во Реал Мадрид важеше за еден од најдобрите играчи во Европа, но дел од скаутите во САД беа скептични, па тој не беше избран како прв пик.
Но словенечкото чудо од дете импресионираше од првиот ден во НБА, брзо ги освои симпатиите на фановите, особено оние на Далас, кој во Лука Дончиќ гледаат нов идол и кошаркар кој ќе ги врати на врвот.
Тој сосема очекувано беше избран за руки на годината, и очигледно сега сака дебело да ја наплати одличната прва сезона во НБА. Медиумите пренесуваат дека двегодишнито договор на Лука Дончиќ со Најк истекол во понеделникот, и кошаркаротј сега се обидува да си обезбеди нов богат договор вреден 100 милиони долари за пет години.
„Да, ми истече договорот со Најк, сега сум слободен агент. Ќе видиме што ќе се случи“ - кратко прокоментира Лука Дончиќ.