НБА

Дончиќ израмни рекорд на Мајкл Џордан, Лејкерс конечно победија (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со уште една маестрална партија го предводеше Далас до победа над Орландо од 114-105, Лос Анџелес Лејкерс го остварија првиот триумф сезонава откако славеа над Денвер со 121-110. 

Лука Дончиќ постигна фантастични 44 поени, и стана првиот играч по Мајкл Џордан во 1986 година кој постигнал 30+ поени на секој од првите шест натпревари на стартот од сезоната.
 
Лос Анџелес Лејкерс во шестиот натпревар дојдоа до првата победа оваа сезона, го совладаа Денвер со 121-110.
 
Леброн Џејмс беше најефикасен со 26 поени, Ентони Дејвис постигна 23, имаше и 15 скокови. Во составот на Денвер најдобар беше Никола Јокиќ со 23 поени и 14 скокови.
 
 
Резултати:
 
ЛА Клиперс - Њу Орлеанс 91:112
Бостон - Вашингтон 112:94
Кливленд - Њујорк 121:108
Детроит - Голден стејт 128:114
Сан Антонио - Минесота 107:98
Далас - Орландо 114:105
Феникс - Хјустон 124:109
ЛА Лејкерс - Денвер 121:110

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе