НБА

Дончиќ имаше одлична партија, но Далас загуби од Оклахома (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра одлично на новогодишниот меч меѓу Далас и Оклахома, но неговиот тим загуби со 106:101. 

Далас водеше во најголемиот дел од натпреварот, но домаќините го свртеа мечот во последниот период и дојдоа до победа од 106:101.
 
Лука Дончиќ постигна 35 поени, имаше десет скока и седум асистенции, но таквиот негов учинок не беше доволен за победа. Во Оклахома Шродер и Галинари постигнаа по 20 поени.
 
 
Хјустон со убедливи 130:104 го совлада Денвер. Харден со 35 поени беше најефикасен, Вестбрук постигна 28. Во составот на Денвер, Јокиќ даде 21, имаше и осум скока.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Бостон 92:109
Индијана - Филаделфија 115:97
Сакраменто - ЛА Клиперс 87:105
Хјустон - Денвер 130:104
Сан Антонио - Голден стејт 117:113
Торонто - Кливленд 117:97
Оклахома - Далас 106:101

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе