Олимписки игри

Дончиќ имаше маестрално деби на Олимписките игри, Словенија лесно ја победи Аргентина (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со неверојатна партија ја предводеше Словенија до убедлива победа од 118-100 над Аргентина во првото коло од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри.

Дончиќ остави силен впечаток на својот дебитантски настап на Олимпијадите. Словенецот своите игри од Далас ги префрли и во својата репрезентација. Денеска беше брлијантен.

Тој постигна 48 поени, имаше 11 скокови, пет асистенции и три блокади. Порано излезе од игра бидејќи мечот одамна беше решен.

Во еден период од натпреварот Словенија имаше и 30 поени разлика, на крајот го намалија темпото и конечниот резултат беше 118:100.

Покрај Дончиќ, во Словенечката репрезентација одличен беше и Препелиќ со 22 поени. Во составот на Аргентина, Скола постгна 21 поен.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе