Олимписки игри 2020

Дончиќ и Словенија ја прегазија Германија за полуфинале на ЛОИ

Лука Дончиќ и Словенија продолжуваат со одличните партии на Летните олимписки игри во Токио, утрово со 94-70 ја совладаа Германија и се изборија за полуфинале.

Словенија на своето деби на кошаркарскиот олимписки турнир дојде на чекор до медал. Утрово, избраниците на Александар Секулиќ прикажаа нова одлична партија и ја прегазија Германија со 94-70. 

„Панцерите“ пружаа отпор само до средината на втората четвртина, со серија од 6-18 стигнаа до предност од 31-32, но Словенија го подигна нивото на игра, на пауза замина со пулс седум (44-37) и потоа беше меч во една насока.

Во продолжението, Словенија го полнеше кошот на противникот, Германија се распадна тотално во завршните 10 минути за убедливи 24 поени разлика (94-70).

Лука Дончиќ мечот го заврши со 20 поени, 11 асистенции и 8 скокови, малку фалеше ѕвездата на Далас да стигне до трипл-дабл. Зоран Драгиќ беше најдобар поединец со 27 поени, а одлична поддршка беше Тобеј со дабл-дабл учинок (13 поени и 11 скокови). 

Ло и Гифи со 11 односно 10 поени беа единствените со двоцифрен ефект кај Германија.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе