НБА

Дончиќ и Порзингис го предводеа Далас до победа во Њу Орлеанс, 40 поени на Адетокумбо против Шарлот (ВИДЕО)

Дончиќ и Порзингис со дабл-дабл учиноци му донесоа убедлив триумф на Далас на гостувањето кај Њу Ореланс од 139-107, Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки до победа од 127-125 над Шарлот. 

Далас водеше во текот на целиот меч, победата во ниту еден момент не му беше загрозена, на крајот победи со 22 поени разлика.
 
Лука Дончиќ реализираше 28 поени и 14 асистенции, Порзингис имаше 20 поени и 10 скокови. Најдобар во тимот на Њу Орлеанс беше Инграм со 29 поени.
 
 
Милвоки тесно со два поени разлика славеше над Шарлот, 127-125. А јунак и на овој меч беше Јанис Адетокумбо.
 
Адетокумбо имаше фантастичен учинок иако му фалеше уште една асистенција за трипл-дабл. Тој постигна 40 поени, имаше 12 скокови и 9 асистенции. Најдобар во составот на Шарлот беше Бол со 36 поени.
 
 
Резултати:
 
Индијана - Атланта 111:114
Орландо - Денвер 108:103
Вашингтон - Минесота 115:107
Бостон - Филаделфија 88:87
Мајами - Кливленд 85:111
Милвоки - Шарлот 127:125
Њу Орлеанс - Далас 107:139
Оклахома - Хјустон 110:114
ЛА Клиперс - Сакраменто 115:124

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе