НБА

Дончиќ и Порзингис го предводеа Далас до победа над Милвоки (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис имаа фантастични изданија и беа главни во победата на Далас над Милвоки од 116:101. 

По поразот од Хјустон, Далас им се врати на победите и тоа со убедлив триумф над Милвоки. Интересно, гостите со водство од пет разлика влегоа во последната четвртина, но Далас ја доби со 36-17 и дојде до победа од 116-101.
 
На Лука Дончиќ малку му фалеше за трипл-дабл, постигна 27 поени, имаше девет скокови и девет асиситенции, фантастичен беше и Порзингис со 26 поени и дури 17 скокови. Во составот на Милвоки, Дивинченцо постигна 22 поени.
 
 
Резултати:
 
Мајами - ЛА Лејкерс 110:104
Торонто - Чикаго 113:122
Оклахома - Кливленд 102:129
Далас - Милвоки 116:101
ЛА Клиперс - Феникс 113:103
Сакраменто - Детроит 101:113
Јута - Портланд 122:103

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе