Во изедначен меч Далас успеа да дојде до победа против Лос Анџелес Клиперс. Се играше и продолжение кое даде чуден резултат. Во дополнителните пет минути домаќините успеаа да постигнат само еден поен, а Далас девет и на крајот да слават со 112-104.
Дончиќ беше на работ на трипл-дабл, постигна 26 поени, имаше 9 асистенции и 9 скокови, поефикасен од него во Далас беше Порзингис со 30 поени. Кај ЛА Клиперс, Џекосн реализираше 31 поен, имаше и 10 скокови, Пол Џорџ постигна 29 поени.
Лос Анџелес Лејкерс загуби кај солидниот тим на Њујорк оваа сезона. Лејкерс немаа водство во ниту еден момент од мечот, во третиот период двапати дојдоа до израмнување, но тоа беше се што направија. На крајот Њујорк заслужено славеше со 106:100.
Фурние со 26 поени беше најефикасен кај Њујрок, Рендл постигна 20, имаше и 16 скокови. Во составот на Лејкерс најдобар беше Вестбрук кој реализираше трипл-дабл со 31 поен, 13 скокови и 10 асистенции, Дејвис постигна 20 поени.
Резултати:
Детроит - Мајами 92:100
Њујорк - ЛА Лејкерс 106:100
Портланд - Денвер 119:100
ЛА Клиперс - Далас 104:112