НБА

Дончиќ и Леброн испишаа историја, Словенецот на крајот мораше да му се поклони на „кралот“ (ВИДЕО)

Далас и ЛА Лејкерс одиграа возбудлив натпревар во кој Лука Дончиќ и Леброн Џејмс водеа голема битка, двајцата испишаа историја и стигнаа до трипл-дабл, а на крајот Словенецот мораше да му се поклони на „кралот".

Утрово во НБА на програмата имаше 8 натпревари, а најинтересно беше во Далас, каде „маверикс“ го пречекаа ЛА Лејкерс. Гостите беа на прагот на пораз, но Дени Грин погоди тројка во последните секунди од мечот и се избори за продолженија. Во додатните пет минути, „езерџиите“ доминираа и на крајот славеа со 110-119.

Мечот ќе биде запаметен по големата битка помеѓу Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, двајцата забележаа трипл-дабл учинок и испишаа историја. Младата ѕвезда на Далас натпреварот го заврши со 31 поен, 15 асистенции и 13 скокови, додека првиот играч ЛА Лејкерс забележа 39 поени, 16 асистенции и 12 скокови.

Па ова беше прв натпревар во историјата на НБА на кој двајца дирекни ривали стигнале до трипл-дабл на кој забележале 15 асистенции. Леброн Џејмс исто така стана најстариот кошаркар кој постигнал трипл-дабл со најмалку 30 поени и 15 асистенции, додека пак Лука Дончиќ стана најмладиот кошаркар на кого истото ова му пошло од рака.

НБА резултати:

Бруклин - Хјустон 123:116
Индијана - Кливленд 102:95
Орландо - Милвоки 91:123
Бостон - Њујорк 104:102
Чикаго - Детроит 112:106
Далас - ЛА Лејкерс 110:119
Сакраменто - Јута 102:101
Голден Стејт - Сан Антонио 110:127

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе