НБА

Дончиќ и Јокиќ со трипл-дабл учиноци ги предводеа своите тимови до нови победи (ВИДЕО)

Далас со 20 поени разлика победи на гостувањето кај Голден стејт, Денвер на свој терен беше подобар од Мемфис, Дончиќ и Јокиќ блескаа за своите тимови. 

Далас ја прекина низата од четири победи по ред на Голден стејт откако славеше на нивниот терен со 141:121. 
 
Лука Дончиќ со трипл-дабл беше предводникот во победата, постигна 31 поен, имаше 15 асистенции и 12 скокови. Кај Голден стејт најефикасен беше Расел со 35 поени.
 
 
Денвер на свој терен го совлада Мемфис, на овој натпревар Никола Јокиќ беше убедливо најдобриот на теренот.
 
Српскиот интернационалец постигна 31 поен, имаше десет скока и десет асистенции. Кај Мемфис Џексон реализираше 20 поени.
 
 
Резултати:
 
Денвер - Мемфис 119:110
Бостон - Торонто 97:113
Њу Орлеанс - Индијана 120:98
Чикаго - Атланта 116:81
Хјустон - Бруклин 108:98
Мајами - Филаделфија 117:116
Минесота - Кливленд 88:94
Вашингтон - Њујорк 100:107
Милвоки - Орландо 111:100
Сан Антонио - Детроит 136:109
Голден стејт - Далас 121:141
Сакраменто - Феникс 110:112
Портланд - ЛА Лејкерс 120:128
ЛА Клиперс - Јута 107:120

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе