НБА

Дончиќ и Далас ја прекинаа победничката серија на Лејкерс (ВИДЕО)

Дончиќ го предводеше Далас до победа над Лејкерс во Лос Анџелес од 114:100, на словенечкиот кошаркар му фалеше само еден скок за трипл-дабл учинок. 

Лос Анџелес Лејкерс во натпреварот влезе со десет победи по ред, но таа серија запре благодарение на одличната партија на Лука Дончиќ и неговите соиграчи.
 
Клучна за победата беше третата четвртина која Далас ја доби со 35:17. Во последниот период гостите го контролираа резултатот и не им дадоа на Лејкерс да се понадеваат на нова победа.
 
На Лука Дончиќ му недостасуваше само еден скок за трипл дабл, имаше 27 поени, десет асистенции и девет скока. Во составот на Лејкерс Ентони Дејвис имаше 27 поени и десет скока, Леброн Џејмс 25 поени, девет скока и осум асистенции.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Мајами 106:109
Минесота - Мемфис 107:115
Њујорк - Бостон 104:113
ЛА Лејкерс - Далас 100:114
Детроит - Сан Антонио 132:98
Њу Орлеанс - Оклахома 104:107
Орландо - Голден стејт 100:96
Торонто - Јута 130:110
ЛА Клиперс - Вашингтон 150:125

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе