НБА

Дончиќ го предводеше Далас до триумф над Њу Орлеанс, Портланд ја продолжи победничката серија (ВИДЕО)

Далас и Портланд кои не смеат да си дозволат кикс, дојдоа до победи, Лејкерс чека некој од овие два тима да загуби за да може да дојде до директен пласман во плеј-офот. 

Далас со 125-107 го победи Њу Орлеанс. Лука Дончиќ доминираше на овој натпревар, постигна 33 поени, имаше осум скока и осум асистенции. Најдобар во гостинскиот состав беше Бледсо со 15 поени.
 
 
Портланд ја забележа петтата победа по ред откако со 105-98 славеше на гостувањето кај Јута. Лилард со 30 поени беше најдобар во победничкиот тим, Кларксон постигна 29 за џезерите.
 
 
До крајот на регуларниот дел има ушт едве кола, Лејкерс е на седмото место и има победа помалку од Далас и Портланд, ако не се качат позиција погоре ќе мора да разигруваат за место во плејофот.
 
Тие синоќа извојуваа тешка победа од 124-122 над слабиот тим на Хјустон. Хортон Такер со 23 поени беше најефикасен кај Лејкерс, Брукс  Олиник постигнаа по 24 за ракетите.
 
 
Резултати:
 
Атланта - Вашингтон 120:116
Бруклин - Сан Антонио 128:116
Кливленд - Бостон 102:94
Далас - Њу Орлеанс 125:107
Јута - Портланд 98:105
ЛА Лејкерс - Хјустон 124:122

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе