НБА

Дончиќ го фрли шампионот на колена, нова луда партија на Харден, ЛА Клиперс ја понижи Атланта (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со дабл-дабл учинок го предводеше Далас до триумф над шампионот Торонто, Џејмс Харден постигна 49 поени во победата на Хјустон над Минесота, ЛА Клиперс ја совлада Атланта со 150-101.

Далас ја прекина серијата од два порази, утрово „маверикс“ ја добија пресметката со Торонто. Лука Дончиќ со дабл-дабл учинок ги предводеше домаќините до триумф над шампионот од 110-102.

Словенецот мечот го заврши со 26 поени и 15 скокови, а забележа и 7 асистенции. Голема помош имаше од Прозингкис, кој исто така имаше дабл-дабл учинок од 20 поени и 15 скокови.

Џејмс Харден имаше нова луда партарија, постигна 49 поени на гостувањето кај Минесота и донесе победа за Хјустон од 105-125. „Ракетите“ на овој меч беа без Вестбрук, Капела и Гордон па „брадата“ превзеде одговорност како и многу пати претходно и сам го носеше тимот до славје.

Во „Стејплс Центар“, ЛА Клиперс ја понижи Аталанта и ја совлада со 150-101 и покрај тоа што Каваи Ленард беше поштеден и не настапи. Втората ѕвезда на тимот, Пол Џорџ постигна 37 поени и тоа за само 20 минути на паркетот.

НБА резултати:

Чикаго - Бруклин 111:117
Индијана - Милвоки 83:102
Њујорк - Шарлот 102:103
Мајами - Њу Орлеанс 109:94
Минесота - Хјустон 105:125
Далас - Торонто 110:102
Сан Антонио - Портланд 116:121
ЛА Клиперс - Атланта 150:101

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе