Словенецот е вонсериски играч

Дончиќ е чудо, играше повреден, имаше маестрална партија и донесе победа на Далас со звукот на сирената! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ уште еднаш покажа дека е вонсериски кошаркар, Словенецот имаше неверојатна партија, а на крајот со тројка со звукот на сирената му донесе победа на Далас од 135:133 над Лос Анџелес Клиперс за израмнување на серијата на 2-2. 

Настапот на Дончиќ за синоќешниот меч беше под знак прашалник откако на претходниот дуел го повреди зглобот. Словенецот не само што стисна заби и настапи, туку тоа го направи на феноменален начин, беше главен на теренот. Дончиќ кога ќе излезеше од теренот добиваше масажа на повреденото место, а кога ќе влезеше ја правеше разликата, и тоа се случуваше постојано.
 
Клиперс во текот на втората четвртина имаа предност и од 21 поен разлика и се чинеше дека лесно ќе дојдат до победата, но Далас се врати, направи пресврт и пропушти да победи во регуларниот дел кој заврши 121:121. Но до триумф дојде во продолжение благодарение на тројка на Дончиќ во последната секнда.
 
 
Дончиќ постигна 43 поени, имаше 17 скокови и 13 асистенции, тој стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал трипл-дабл во плејофот со над 40 поени. Во составот на Клиперс, Лу Вилијамс постигна 36 поени, Ленард имаше 32.
 
 
Бостон се пласира во полуфиналето на Истокот откако го доби и четвртиот меч против Филаделфија, овој пат со 110:106. Вокер со 32 поени беше најефикасен кај Селтикс, за противникот Ембид реализираше 30.
 
 
Противник на Бостон ќе му биде Торонто кој во исклучително ефикасен меч го победи Бруклин со 150:122 за 4-0. Пауел со 29 поени беше најдобар кај Рапторс, Леверт беше најефикасен на мечот со 35 поени.
 
 
Јута поведе со 3-1 против Денвер откако тесно со 129:127 го доби дуелот. Мичел постигна 51 поени за џезерите, а кај нагетс Мареј имаше 50 поени и 11 скокови, Јокиќ реализираше 29.
 
 
Резултати:
 
Филаделфија - Бостон 106:110 (0-4)
Далас - ЛА Клиперс 135:133 (2-2)
Бруклин - Торонто 122:150 (0-4)
Јута - Денвер 129:127 (3-1)

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе