четврток, 28 март 2024

Меморандум за соработка на Економскиот факултет со Кроација осигурување

На денешниот состанок во просториите на Економскиот факултет – Скопје помеѓу деканот Предраг Трпески и Александар Манев, генерален директор на Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје потпишан е Меморандум за соработка.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на остварената средба се дискутираше за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства заради остварување на заеднички цели.

Со Меморандумот за соработка двете институции се согласија да соработуваат во реализација на широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста преку најразлични активности и проекти од взаемен и општествен интерес, реализирање на практична настава за
студентите од факултетот, презентирање на практични проблеми, решенија,
предизвици и можности за студентите на факултетот, организирање работилници
и конференции, и други активности.
За време на посетата Манев и останатите претставници на Кроција, во придружба на деканот и продеканите на Економскиот факултет – Скопје, ги разгледаа капацитетите со кои располага факултетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ