Дончиќ доминираше на мечот и на крајот дојде до трипл-дабл со 41 поен, 14 асистенции и 11 скокови. Дел од поените беа и три тројки во продолжението кои се покажаа како клучни за победата.
Дончиќ стана само десетиот кошаркар во историјата на НБА со трипл-дабл притоа постигнувајќи најмалку 40 поени. За него ова беше 47. трипл-дабл во НБА.
Во составот на Нетс, Ирвинг постигна 39 поени, Дурент 37, но ниту таквата нивна статистика не беше доволна за победа.
Со својата игра Дончиќ ги исфрустрира навивачите на Бруклин до степен со шише да фрлат по него. За среќа не го погодија.
FAN THROWS A CUP AT LUKA 😳 pic.twitter.com/GOM14TNnh7
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 28, 2022
Резултати:
Бруклин - Далас 125:129
Оклахома - ЛА Клиперс 118:110
Голден стејт - Мајами 123:110
Сакраменто - Мемфис 110:125