Клубот од Русија соопшти тажни вести

Докторот на ЦСКА Москва почина поради коронавирусот: Очајно се бореше, но не успеа да се справи со заразата

Кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва попладнево соопшти дека нивниот доктор Роман Абжелилов ја загубил битката со коронавирусот и починал на 44-годишна возраст.

Актуелниот европски првак во кошарка, ЦСКА Москва, сподели тажни вести. Нивниот доктор Роман Абжелилов починал поради компликации од коронавирусот. Тој во почетокот на мај бил хоспитализиран во болница и за жал не успеал да ја добие битката со ковид-19.

„Нашиот добар и симпатичен пријател, брилијантен доктор и извонреден семеен човек, Роман Абжелилов, денеска нè напушти. Неговото тело очајно се бореше, но не успеа да се справи со компликациите што настанаа од коронавирус заразата. Роман имаше 44 години и остави жена и две деца. Почивај во мир, пријателе. Длабоко сочувство за неговото семејство и пријателите од сите инволвирани во клубот, и сите луѓе што ги надминаа своите здравствени проблеми благодарение на Роман... Ова е голема загуба за нас“, гласеше соопштението на клубот од Русија.

ЦСКА Москва исто така ги повика сите што сакаат да му помогнат на семејството да испратат донација.

Роман Абжелилов беше дел од ЦСКА Москва од 2014 година, претходно беше доктор на Химки, како и на националниот тим на Русија.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе