Квалификации за ЕП 2021

Димитријевиќ нема да игра во Естонија, добил препорака од докторите да продолжи со опоравување

Ненад Димитријевиќ нема да биде дел од кошаркарската репрезентација на Македонија која од 28 до 30 ноември ќе учествува на квалификацискиот турнир во Талин, Естонија. 

Димитријевиќ имаше коронавирус, сега е негативен, но поради тоа што беше позитивен беше и неизвесен неговиот настап. Од Кошаркарската федерација на Македонија велат дека тој добил препорака да не тренира со максимален интензитет и да продолжи со опоравување.
 
„По вчерашните детални прегледи кои Ненад Димитријевиќ ги направи во клиниката ‘Жан Митрев’ во Скопје, препораките на медицинските лица кои ги реализираа, се дека дека во овој момент, тој не е во можност максимално да тренира и да се натпреварува, и да одговори на барањата и пред сè, напорите кои со себе ги носат патувањето до Талин, тренинзите и одигрување на два натпревари во така краток временски период. Особено што, како што потенцираа докторите, Димитријевиќ се враќа по прележувањето на вирусот Covid-19,  а поради кој мораше да има дополнителен лекарски, односно болнички надзор во период од две недели“- појаснува спортски директор Тодор Гечевски.
 
„Од тие причини, а првично, пред сè, поради здравјето на Нено, нормално и во интересот на македонската репрезентација, чиј дел треба да биде во наредните 10-15 години, ние како раководен тим во федерацијата, заеднички одлучивме дека тој не треба да патува. Туку дека под лекарски надзор, полека треба да им се враќа на оние нормални спортски, кошаркарски активности, за да дојде во ситуација повторно да биде оној што беше пред да дојде во ваква ситуација која ја предизвика коронавирусот. Да тренира и игра најдобро што знае и умее“.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе