Бостон Селектикс ја продолжи фантастичната победничка серија откако со пет поени разлика славеше на гостувањето кај Голден стејт.
Домаќинот одлично го почна мечот и ја доби првата четвртина со 32:23, но водството го загубија уште на полувреме, на паузата Бостон водеше со 52:51. До крајот на мечот Селтикс ја зголемија предноста за на крајот да победат со 105:100.
Татум со 24 поени беше најдобар кај Бостон, Браун постигна 22, во составот на Голден стејт Буркс реализираше 20.
Леброн Џејмс со 29 поени и 11 скока го предводеше Лејкерс до победа над Сакраменто од 99:97.
Ентони Дејвис постигна 17 поени, а во составот на Сакраменто најефикасен беше Хелд со 21 поен, Богдановиќ реализираше 18.
Резултати:
Шарлот - Детроит 109:106
Орландо - Сан Антонио 111:109
Хјустон - Индијана 111:102
Мемфис - Јута 107:106
Минесота - Вашингтон 116:137
Оклахома - Филаделфија 127:119
Голден стејт - Бостон 100:105
ЛА Лејкерс - Сакраменто 99:97