НБА

Дерозан две вечери по ред со тројка во последните секунди му носи победа на Чикаго (ВИДЕО)

Демар Дерозан стана првиот кошаркар во НБА кој успеал две вечери по ред на својот тим да му донесе победа со кош во последните секунди од мечот. 

Откако на 31. декември годината ја почна со одлучувачки кош за победа на Чикаго над Индијана од 108-106, ноќеска против Вашингтон успеа да постигне тројка преку двајца играчи за триумф од 120-119.
Дерозен мечот го заврши со 28 поени, повеќе од него постигна Лавејн 35. Најдобар кај Вашингтон беше Кузма со 29 поени и 12 скокови.
 
Чикаго Булс е прв на истокот со 24 победи и 10 порази. Бруклин е зад нив со 23 победи и 11 порази.
 
 
Резултати:
 
Милвоки - Њу Орлеанс 136:113
Детроит - Сан Антонио 117:116
Вашингтон - Чикаго 119:120
Бруклин - ЛА Клиперс 116:120
Хјустон - Денвер 111:124
Јута - Голден стејт 116:123

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе