НБА

Денвер со историски пресврт до победа против Филаделфија, Јокиќ е херојот на Нагетс (ВИДЕО)

Денвер го направи најлудиот пресврт во последната четвртина, анулираше 19 поени разлика и дојде до триумф, Никола Јокиќ беше најдобриот во својот тим, во последните секунди тој го реши победникот. 

Се случувале и поголеми пресврти, но за една четвртина никој досега не надополнил негатива од 19 поени разлика, тоа е историскиот момент од мечот меѓу Филаделфија и Денвер кој заврши со 100:97 за гостите.
 
За пресвртот да биде уште поголем, Филаделфија прва постигна поени во четвртата четвртина па поведе и со 21 разлика, но потоа се случи чудо. Јокиќ на крајот во последните секунди ги постигна клучните поени за победа на Денвер.
 
Србинот натпреварот го заврши со 26 поени, 11 скока и шест асистенции, неговиот соиграч Мареј имаше 22 поени и 11 асистенции. Кај Филаделфија најдобар беше Ембид со 19 поени.
 

 
Интересно беше на мечот меу Јута Џез и Милвоки. Таму Бојан Богдановиќ имаше маестрална партија и со кош во последната секунда ја донесе победата.
 
Хрватскиот кошаркар постигна 33 поени, Адетокумбо реализираше 30 имаше и 13 скокови.
 
 
Лејкерс ја оствари седмата победа во низа откако со 95:80 го совлада Мајами. Дејвис постигна 26 поени, Леброн реализираше 25.
 
 
Резултати:
 
Индијана - Детроит 112:106
Орландо - Мемфис 118:86
Вашингтон - Кливленд 100:113
Атланта - Сакраменто 109:119
Њу Орлеанс - Торонто 104:122
Минесота - Голден стејт 125:119
Далас - Њујорк 102:106
Денвер - Филаделфија 100:97
Портланд - Бруклин 115:119
Јута - Милвоки 103:100
ЛА Лејкерс - Мајами 95:80

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе