НБА

Денвер се врати од 19 негатива и го победи Сан Антонио (ВИДЕО)

Денвер изедначи на 1-1 во серијата со Сан Антонио откако со голем пресврт успеа да победи со 114:105.

Сан Антонио беше блиску до уште еден брејк и водство од 2-0, но Денвер успеа да се врати од -19 и да дојде до победа.
 
Спарс играа одлично до средината од третата четвртина во која во еден момент имаа предност и од највисоки 78:59, но потоа почна падот. Денвер ја намалуваше негативата и на крајот не само што направи пресврт туку победи и убедливо со девет поени разлика 114:105.
 
Јокиќ имаше дабл-дабл учинок, 21 поен и 13 скока, најефикасен во составот на Денвер беше Мареј со 24 поени. Кај Спарс ДеРоузен уфрли 31.
 
 
Резултати:
 
Торонто - Орландо 111:82 (1:1)
Денвер - Сан Антонио 114:105 (1:1)
Портланд - Оклахома 114:94 (2:0)

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе