НБА

Денвер се врати од -19 и го понижи Клиперс, Јокиќ беше брилијантен (ВИДЕО)

Во текот на третата четвртина Денвер губеше со 19 поени разлика, но потоа имаа неверојатно враќање и победа од 13 поени, 111:19 со што се избрија за мајсторка во полуфиналната серија на западот. 

Денвер губеа со 3-1 и против Јута, тогаш почнаа да играат и дојдоа со 4-3. Сега имаат шанса истото да го направат и против ЛА Клиперс кои имаа предност од 3-1, но две партии по ред губат.
 
Клиперс се голем фаворит во серијата, но во мајсторката психолошката предност ќе биде на страната на Денвер поради тоа што се случуваше денеска.
 
Во текот на третиот период Клиперс имаа предност од 68:49 и тогаш почна полека водството да се топи. Денвер не само што го сврте мечот, туку во финишот имаше и водство од 16 поени разлика за на крајот да слави победа од 111:98.
 
Најдобар на теренот беше Никола Јокиќ со 34 поени и 14 скокови, Мареј постигна 21. Во составот на Клиперс Пол Џорџ постигна 33 поени, Ленард 25.
 
Победникот од мајсторката ќе игра против ЛА Лејкерс во финалето на западот.
 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе