НБА

Денвер направи нова сензација, историска победа над Клиперс за пласман во финалето на западот! (ВИДЕО)

Денвер Нагетс втор пат по ред се врати од 3-1 негатива и успеа да помине понатаму, овој пат Јокиќ и останатите беа подобри од ЛА Клиперс кој важеше за апсолутен фаворит во оваа битка. 

Денвер ја доби масторката со 104:89 и со 4-3 се пласираше во финалето на западот каде што ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс.
 
Клиперс беа огромен фаворит во пресметката со Денвер и речиси сите очекуваа финале на Лос Анџелес, но Јокиќ, Мареј и останатите не дозволија тоа да се случи.
 
Исто како и против Јута, Денвер губеше со 3-1 во серијата, но со три победи по ред му ги пакуваше куферите на противникот.
 
Денвер е првиот тим во историјата на НБА кој два пати во една сезона успеал да се врати од 3-1 негатива и да оди понатаму.
Никола Јокиќ стана првиот кошаркар во НБА кој во седмиот меч направил трипл-дабл учинок со повеќе од 20 скока.
Србинот мечот го заврши со 16 поени, 22 скокови и 13 асистенции, фантастична партија имаше Мареј кој постигна 40 поени. Во составот на Клиперс и овој пат потфрли Ленард кој имаше само 14 поени, најефикасен беше Харел со 20, Пол Џорџ десет.
 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе