НБА

Денвер ја доби втората битка со Клиперс, моќен меч на Јокиќ, Торонто му изедначи на Бостон (ВИДЕО)

Денвер со 110:101 го победи Лос Анџелес Клиперс и изедначи на 1-1 во полуфиналната серија, Торонто се врати против Бостон, триумфираше на втор меч по ред и израмни на 2-2, овој пат славеше со 100:93. 

Лос Анџелес Клиперс е сериозен фаворит против Денвер, но Нагетс не се даваат. Одиграа одличен втор меч и израмнија на 1-1. Клучна беше првата четвртина која ја добија со 44:25, останатите ги загубија, но недоволно за да го загубат и водството, на крајот славеа со 110:101.
 
Никола Јокиќ беше најдобар на теренот иако Мари имаше еден поен повеќе од него (27), Србинот постигна 26 поени и имаше фантастични 18 скокови. Во составот на Клиперс, Пол Џорџ реализираше 22 поени.
 
 
Шампионот Торонто се разбуди по двата воведни порази од Бостон, синоќа победи со 100:93 и изедначи на 2-2.
 
Сиакам беше најдобар кај Торонто со 23 поени и 11 скокови, Лаури постигна 22 поени и 11 скокови. Најефикасен на теренот беше Тејтум од Бостон со 24 поени и 10 скокови.
 
 
Резултати:
 
Бостон - Торонто 93:100 (2-2)
ЛА Клиперс - Денвер 101:110 (1-1)
 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе