НБА

Денвер и Јокиќ по продолжение славеа кај Голден стејт (ВИДЕО)

Денвер имаше и негатива од 19 поени разлика, но успеа да се врати, да се избори за продолжение и на крајот да победи кај Голден стејт со 134:131. 

Голден стејт водеше речиси во текот на целиот меч, во првата и третата четвртина стигнаа и до највисоките 19 поени разлика но тоа не им беше доволно за победа.
 
Денвер одигра одлична четврта четвртина која ја доби со 40:28 и се избори за продолжение по кое победи со 134:131.
 
На Јокиќ му недостасуваа две асистенции за трипл-дабл, имаше 23 поени, 12 скокови и осум асистенции. Најефикасен во составот на Денвер беше Бартон со 31 поен, Бисли постигна 27. Буркс реализираше 25 поени за Голден стејт.
 
 
Резултати:
 
Њујорк - Феникс 98:121
Милвоки - Болтон 128:123
Њу Орлеанс - Јута 138:132
Голден стејт - Денвер 131:134
ЛА Клиперс - Орландо 122:95

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе