НБА

Денвер и Јокиќ ја продолжија победничката серија, Дурент се врати со перфектен меч (ВИДЕО)

Денвер дојде до седмата победа по ред откако го совлада Сан Антонио со 106-96, Кевин Дурент по два месеци пауза се врати на теренот и одигра меч без промашување, Бруклин го победи Њу Орлеанс со 139-111. 

Никола Јокиќ со нова одлична партија го предводеше Денвер седма победа по ред, овој пат настрада Сан Антонио. На српскиот центар му недостасуваше само еден скок за трипл-дбал учинок, мечот го заврши со 25 поен, десет асистенции и девет скокови. Кај Сан Антонио најдобар беше Мареј со 18 поени.
 
 
Кевин Дурент конечно се врати од повредата и одигра перфектен меч, без промашување. Постигна 17 поени, од кои две тројки. Најдобар во составот на Бруклин беше Ирвинг со 24 поени. Кај Њу Орлеанс најрасположен беше Бледсо кој постигна 26 поени.
 
 
Резултати:
 
Индијана - Минесота 141:137
Орландо - Вашингтон 116:131
Бостон - Њујорк 101:99
Бруклин - Њу Орлеанс 139:111
Атланта - Мемфис 113:131
Хјустон - Далас 102:93
Оклахома - Шарлот 102:113
Денвер - Сан Антонио 106:96
Феникс - Јута 117:113

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе