НБА

Денвер го врати „брејкот“, го победи Сан Антонио на негов терен (ВИДЕО)

Денвер со убедливи 117:103 победи на гостувањето кај Сан Антонио и изедначи на 2-2 во серијата од плејофот.

Денвер го врати пропуштеното, го победи Сан Антонио на негов терен и се искупи за киксот од првиот меч. Домаќините одлично го почнаа мечот ја добија првата четвртина со 34:22, но потоа се беше во знакот на гостите кои на крајот славеа со 14 поени разлика.
 
Никола Јокиќ со 29 поеини, 12 скокови и осум асистенции беше најдобриот поединец на теренот, Алдриџ кај Сан Антонио реализираше 24.
 
Филаделфија поведе со 3-1 против Бруклин откако го победи на негов терен со 112:108.
 
Гостински триумф забележа и Детроит кај Милвоски со 119:103 и поведе со 3-0 во серијата.
 
Ноќта на гостите ја комплетираше Хјустон кој славеше кај Јута Џез со 104:101, и тие водат со 3-0.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Филаделфија 108:112
Сан Антонио - Денвер 103:117
Детроит - Милвоки 103:119
Јута - Хјустон 101:104

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе