НБА

Денвер го совлада Лејкерс, Портланд ја прекина победничката серија на Далас (ВИДЕО)

Денвер со 122:105 го победи Лејкерс, а Ентони Дејвис предвреме го заврши мечот поради повреда на зглобот, серијата од четири победи за Далас заврши, Портланд ги победи со 121:118. 

Никола Јокиќ беше најдобар во составот на Денвер постигнувајќи трипл-дабл, 23 поени, дури 16 скокови и десет асистенции, 25 поени реализираше Мареј.
 
Ентони Дејвис на паркетот помина само 14 минути за кои постигна 15 поени, поради повреда на зглобот порано го заврши мечот. Леброн Џејмс беше најефикасен во составот на Лејкерс, постигна 22 поени, имаше десет скока и девет асистенции.
 
 
Лука Дончиќ имаше одлична партија, постигна дури 44 поени, но тоа не беше доволно за триумф над Портланд. Порзингис реализираше 18 поени. Кај Портланд Лилард имаше 34 поени и 11 асистенции.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Сан Антонио 110:122
Детроит - Њу Орлеанс 123:112
Торонто - Минесота 112:116
Далас - Портланд 118:121
Оклахома - Милвоки 114:109
Феникс - Орландо 109:90
Деневер - ЛА Лејкерс 122:105
ЛА Клиперс - Кливленд 128:111
Сакраменто - Мемфис 110:124

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе