Пресметките меѓу Денвер и Далас во последните години будат поголем интрес на овие простори поради Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Синоќешната битка меѓу нив ја доби српскиот кошаркар, иако Словенецот имаше подобар скор.
Неизвесен беше настапот на Јокиќ поради повредата во минатиот меч, но собра сили и одигра 25 минути од натпреварот, минута повеќе играше Дончиќ.
Далас постигна само 75 поени, а во третата четвртина само 12. Лошиот напад беше пресуден за нивниот пораз од 31 поен разлика.
Најдобар кај Денвер беше Бартон со 17 поени, Јокиќ постигна 11 поени, имаше и 16 скокови. Кај Далас најефикасен беше Дончиќ со 16 поени.
Резултати:
Торонто - Орландо 110:109
Бруклин - Индијана 105:98
Мајами - Шарлот 114:99
Њу Орлеанс - Сакраменто 109:113
Денвер - Далас 106:75
Портланд - ЛА Клиперс 111:92
ЛА Лејкерс - Кливленд 113:101