НБА

Дејвис со звукот на сирената донесе победа за Лејкерс (ВИДЕО)

Ентони Дејвис со тројка постигната со звукот на сирената донесе победа за Лејкерс од 105:103 во вториот натпревар против Денвер за водство во финалната серија на западот од 2-0. 

Лос Анџелес Лејкерс поведе со 2-0 против Денвер во меч со драматична завршница кој беше решен во последната секунда.
 
Лејкерс одлично го почна мечот, неколкупати имаше предност и од 16 поени разлика но како одминуваше времето Денвер беше се подобар. Нагетс во финишот дојдоа до водство и малку фалеше да дојдат и до победа.
 
Денвер имаше водство 103:102, a Лејкерс уште две секунди до крајот на мечот во кои требаа да шутнат, топката му беше дадена на Дејвис кој се обиде од тројка и погоди за победа од 105:103.
 
 
Ентони Дејвис со 31 поен и девет скока беше најдобар на теренот, Леброн имаше 26 поени и 11 скокови. Во составот на Денвер, Јокиќ постигна 30 поени, имаше и девет асистенции, Мареј постигна 25 поени.
 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе