Наскоро ќе се знае неговиот наследник

Давитков веќе не е селектор на Македонија

Јорданчо Давитков веќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, наскоро ќе биде назначен негов наследник. 

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ денеска потврди дека Јорданчо Давитков веќе нема да биде селектор на Македонија. Договорот му е истечен и нема да му биде понуден нов.
 
Перо Антиќ не откри многу детали за наследникот на Давитков, но напмена дека тој доаѓа од нашата земја, но има големо искуство со водење на екипи во странство.
 
Се претпоставува дека се работи за Октај Махмути кој има голема интернационална кариера водејќи ги екипите на Анадолу Ефес, Дарушафака, Бенетон, Галатасарај.
 
Октај Махмути ќе биде предавач на задолжителниот тренерски семинар „Лазар Лечиќ“ кој ќе се одржи на 21 и 22 септември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, па можно е во тој период и да биде промовиран за нов селектор на Македонија.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе