Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ денеска потврди дека Јорданчо Давитков веќе нема да биде селектор на Македонија. Договорот му е истечен и нема да му биде понуден нов.
Перо Антиќ не откри многу детали за наследникот на Давитков, но напмена дека тој доаѓа од нашата земја, но има големо искуство со водење на екипи во странство.
Се претпоставува дека се работи за Октај Махмути кој има голема интернационална кариера водејќи ги екипите на Анадолу Ефес, Дарушафака, Бенетон, Галатасарај.
Октај Махмути ќе биде предавач на задолжителниот тренерски семинар „Лазар Лечиќ“ кој ќе се одржи на 21 и 22 септември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, па можно е во тој период и да биде промовиран за нов селектор на Македонија.