Откако претседателот на КФСМ соопшти дека Македонија ќе добие нов селектор

Давитков: Кога беше најтешко Антиќ не сакаше да помогне, ми викаше оди на плажа во Дубаи, не се замарај со овие играчи!

Веќе поранешниот селектор на Македонија, Јорданчо Давитков имаше емотивно излагање на својот фејсбук профил откако денеска Перо Антиќ соопшти дека репрезентацијата ќе има нов селектор.

Перо Антиќ денеска соопшти дека нема да биде продолжена соработката со Јорданчо Давитков и наскоро ќе биде назначен негов наследник.
 
Оваа вест не остана без одговор од Давитков кој „распали“ по Перо Антиќ преку својот фејсбук профил.
 
„Размислував дали воопшто вреди да се пишува нешто сега кога се огласија после четири месеци, но бидејќи секогаш сум бил максимално отворен за јавноста морав да напишам неколку збора!
Се сеќавам пред околу три години кога ми се јавија од кошаркарската федерација за селектор, беше време на „СВИ ЈУНАЦИ НИКОМЕ ПОНИКОШЕ И У ЦРНУ ЗЕМЈУ ПОГЛЕДАШЕ“, и нормално јас како и секогаш без калкулации прифатив да помогнам и иако репрезентацијата скоро и да не постоеше, почнав да ги собирам играчите, да ја градиме повторно атмосферата и да се обидеме да се вратиме каде што бевме. Беше тешко, недостасуваа за првата акција 7-8 играчи од различни причини, но издржавме, полека се комплетиравме и успеавме.
Во тоа време разговарав и со Антиќ бидејќи уште беше играч, да помогне колку може. Неговиот одговор беше „Јоцо што се замараш со „ОВИЕ“ (играчи) оди си во Дубаи на плажа и одмарај„. И не помогна ни една секунда. За разлика од него јас продолжив да се занимавам со „ОВИЕ“ и од никаде чекор по чекор, собир по собир ја градевме атмосферата и стигнавме на чекор до Европското првенство. Стигнавме до првото место во двете предквалификации и поради тоа бевме во третиот шешир“.
Да не се занимавав со „ОВИЕ“ кога никој не СМЕЕШЕ и немаше м..а за тоа. И стигнував на собирите патувајќи и по 10.000км за неколку дена, стигнував иако поради тоа раскинуваа договори, стигнував и кога по три ноќи по ред спиев во авион, но стигнував да го направам она за што се нафатив и иако многу мои пријатели на почетокот ми велеа дека сум луд што го правам тоа. Успеав од никаде да ја вратам атмосферата во репрезентацијата, да се комплетираме и да бидеме на чекор до ЕП.
Затоа те молам не покажувај дека репрезентацијата и „ОВИЕ“ се битни за тебе и федерацијата. Долго сум во кошарката, повеќе од 40 години за да може да се проголта.
Јас секогаш на секоја работа приоѓам чессно и без калкулации и секого може да го погледнам во очи и да продолжам со дигната глава а тоа е НЕПРОЦЕНЛИВО особено кога се поздравуваат со тебе а им е срам да те погледнат во очи.
Се распишав многу и овде го кажав само овој сегмент а има многу за пишување али мора да се оди и на плажа...
На играчите им посакувам многу успех и да продолжат каде застанавме. А на раководството... господ гледа се и враќа“, напиша Јорданчо Давитков.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе