Селекторот остана без клупски ангажман

Давитков доби отказ од Банијас

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков остана без клупски ангажман откако доби отказ од Банијас од Абу Даби.

На новото раководство на клубот од Обединетите Арапски Емирати не му се допаднало идејата Давитков паралелно да ја извршува и функцијата селектор на Македонија, па му врачиле отказ.
 
Досега Давитков имаше дозвола од клубот да биде и селектор, но со промените во раководните структури се промениле и правилата во клубот. Му понудиле да остане советник, но тој ги одбил.
 
Македонскиот стратег ќе побара нов клупски ангажман, а една од опциите е и МЗТ Скопје кој најверојатно ќе се раздели со Александар Тодоров.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе