МЗТ Скопје

Дамјан Стојановски останува во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје потврди дека Дамјан Стојановски и во наредната сезона ќе биде лидер на македонскиот шампион.

„Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе биде еден од носителите на играта на МЗТ Скопје Аеродром, со оглед на двегодишниот договор кој лани го потпиша со нашиот тим.
 
Одличниот бек шутер е дел од сино-белата чета уште од 2012 година, освојувајќи пет шампионски титули и шест пехари во Купот на Македонија, со напомена дека не беше дел од клубот само во сезоната 2016/17, која ја пропушти во целост поради тешката повреда претрпена во дресот на македонската репрезентација. Стојановски беше најкорисен играч на финалето од плејофот минатата сезона, признание кое го освои и двапати претходно (2014 и 2016 година). Професионалната кариера ја почна во Вардар во 2005 година, има играно уште и за охридски АМАК-СП и за бугарски Лукоил Академик.
 
Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром минатата сезона во АБА2-лигата на 27 средби имаше просек од 8,9 поени и 3,4 скока како втор најдобар тројкаш (45/117) и најдобар изведувач на слободни фрлања (36/41) додека во домашното првенство на 34 натпревари просечно реализираше по 12,5 поени и 5,4 скока со најмногу постигнати тројки (64) и како втор најдобар во тимот според бројот на украдени топки (1,5 по меч).
 
Тренер на екипата во следната сезона ќе остане Ѓорѓи Кочов, а останатите делови од мозаикот ќе се склопуваат во периодот кој следува“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе