НБА

Далас и Дончиќ редат порази (ВИДЕО)

Далас не му даде поддршка на Дончиќ со ангажман на кошаркари кои ќе го направат конкурентен тимот, Словенецот не може сам, резултатите се очајни. 

Далас синоќа загуби на свој терен од Феникс со 109:108. Дончиќ беше најефикасен во својот тим со 25 поени, имаше и осум асистенции. Во составот на Феникс, Пол реализираше 34 поени, Букер 24.
 
Ова беше шести пораз на Далас по ред, а оваа сезона од одиграни 21 меч, дури 13 пати загубија, имаат осум победи со кои во моментов се на 13. место во западната конференција. 
 
 
Резултати:
 
Атланта - ЛА Лејкерс 99:107
Мајами - Шарлот 121:129
Чикаго - Њујорк 110:102
Кливленд - Минесота 100:98
Милвоки - Портланд 134:106
Њу Орлеанс - Сакраменто 109:118
Оклахома - Хјустон 106:136
Далас - Феникс 108:109
Сан Антонио - Мемфис 102:133

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе