НБА

Далас губеше со 15 разлика, и тогаш на сцена стапи Дончиќ! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра маестрално во последните десет минути од мечот со Портланд и му донесе победа на неговиот тим иако Далас губеше со 15 поени разлика.

Далас го победи Портланд со 102:101, а главен и во овој меч за маверикс беше словенечкото чудо Лука Дончиќ.
 
Портланд имаше водство од 96:81 на десет минути пред крајот, а потоа на сцена стапи Лука Дончиќ. Словенецот постигна 13 поени во последните десет минути и му овозможи на својот тим голем пресврт и победа.
 
Дончиќ натпреварот го заврши со 28 поени, имаше и девет скока и шест асистенции. Во составот на Портланд најефикасен беше Лилард со 30 поени.
 
 
Резултати:
 
Далас - Портланд 102:101
Филаделфија - ЛА Лејкерс 143:120
Сакраменто - Феникс 117:104
Атланта - Орландо 108:124
Голден стејт - Мајами 120:118

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе