НБА

Далас го прегази Феникс за пласман во финале на западот, Бостон го исфрли Милвоки (ВИДЕО)

Далас со неверојатни 123-90 победи на гостувањето кај Феникс и се пласира во конференциското финале, а НБА ќе добие и нов шампион откако Бостон со 109-81 го совлада Милвоки. 

Далас одигра неочекувано моќна партија на гостувањето кај Феникс каде се играше мајсторката меѓу овие два тима. Домаќините беа фаворити, но синоќа беа непрепознатливи.
 
Феникс во првото полувреме постигна само 27 поени, а Далас во последниот период имаше предност и од 46 поени разлика, 111-65, но во последните минути ја тргна ногата од педалата за гас и на крајот славеше со 33 разлика, 123-90.
 
Најефикасен беше Лука Дончиќ со 35 поени, имаше и 10 скокови, одлична партија за Далас имаше и Динвиди со 30 поени. Кај Феникс најефикасен беше Џонсон со само 12 поени, Букер постигна 11, а Крис Пол 10.
 
Во финалето на западот Далас ќе игра против Голден стејт.
 
 
НБА ќе добие и нов шампион откако Бостон со 109-81 го победи Милвоки во мајсторката.
 
Вилијамс со 27 поени беше најефикасен на мечот, Тејтум постигна 23. Најдобар кај Милвоки беше Адетокумбо со 25 поени, имаше и 20 скокови и девет асистенции.
 
Бостон во финалето на истокот ќе игра против Мајами. 
 
 
Резултати:
 
Бостон - Милвоки 109:81 (4-3)
Феникс - Далас 90:123 (3-4)

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе