НБА

Далас го победи Мајами, Бруклин загуби од Милвоки (ВИДЕО)

Далас со 127:113 победи на гостувањето кај Мајами во меч во кој Дончиќ не беше најдобар во својот тим, ѕвезда на вечерта беше Хардавеј, Милвоки со 124:118 го доби дербито против Бруклин. 

Во финишот од регуларниот дел од сезоната секоја победа за Далас е важна, таква беше и вчерашната над вицешампионот Мајами. 
 
Хардавеј беше херојот на Маверикс, тоој постигна 36 поени, одлична партија имаше и Лука Дончиќ кој запаиша 23 поени, 12 скокови и осум асистенции. Најдобар во тимот на Мајами беше Драгиќ со 19 поени.
 
 
Дербито меѓу Милвоки и Бруклин заврши со победа на домаќините од 124-118. Клучна за победата беше последната четвртина која Бакс ја добија со 32:24.
 
Очекувано, главната ѕвезда на Милвоки, Адетокумбо беше најдобар во својот тим, тој постигна 36 поени, имаше и 12 скокови. Кај Бруклин Ирвинг постигна 38 поен, Дурент 32.
 
 
Резултати:
 
Кливленд - Феникс 118:134
Детроит - Шарлот 99:102
Милвоки - Бруклин 124:118
Мајами - Далас 113:127
Њу Орлеанс - Голден стејт 108:103
Оклахома - Сакраменто 99:103
ЛА Клиперс - Тронто 105:100

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе