Евролига

ЦСКА Москва по осми пат стана шампион на Европа!

ЦСКА Москва е новиот европски шампион откако во финалето на Евролигата го победи Анадолу Ефес со 91:83.

ЦСКА Москва по осми пат се искачи на највисокиот европски кошаркарски трон, овој пат победи на фајнл-фор турнирот кој се играше во Виторија.
 
Во денешното финале беше подобра од Анадолу Ефес, победа од осум поени разлика 91:83.
 
ЦСКА Москва го контролираше мечот, во вториот период имаше највисоки 14 поени разлика 34:20, но Анадолу Ефес успеа да се врати и на одморот замина само со минус еден.
 
Турскиот тим второто полувреме го почна со тројка и дојде до водство од еден разлика, но тоа им беше последната предност која ја имаа. ЦСКА Москва одма го врати водството и до крајот успешно го приведе мечот до голема победа.
 
Клајбурн и Хигинс постигнаа по 20 поени за ЦСКА Москва, најфеикасен на мечот беше играчот на Ефес, Ларкин кој даде 29 поени.
 
За МВП на турнирот беше прогласен Вил Клајбурн од ЦСКА Москва.
 
Претходно Реал Мадрид го победи Фенербахче со 94:75 и го освои третото место.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе