ТРАНСФЕРОТ И ОФИЦИЈАЛНО Е ПОТВРДЕН

Црвена звезда: Перо Антиќ добредојде назад!

Црвена звезда и официјално го потврди ангажманот на македонската кошаркарска ѕвезда, Перо Антиќ кој повторно ќе го облече црвено-белиот дрес на тимот од Белград.

Веќе нема дилеми, по десет години Перо Антиќ се враќа во Црвена звезда, ваквата вест ја потврди и клубот.
 
„Поранешниот играч на Црвена звезда, Перо Антиќ се враќа во црвено-белиот дрес, денеска потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион на АБА и КЛС лига!!!“ - стои во соопштението на Црвена звезда.
 
Црвена звезда со огромно задоволство го најави трансферот на македонскиот кошаркар кој треба да биде големо засилување за црвено-белите.
 

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе