Контроверзна завршница на сезоната во Србија

Црвена звезда ја освои титулата, во Партизан бесни, победничкиот кош беше даден со тричекор! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена звезда освоија нова шампионска титула во домашното првенство откако со кош на Били Берон во последната секунда го победија Партизан со 76:75 и со вкупни 3-1 во финалната серија дојдоа до трофејот.

Во денешниот четврти натпревар од серијата, Црвена звезда влезе со предност од 2-1, Партизан бркаше победа за да избори мајсторка и добро му идеше во првиот дел, во текот на втората четвртина имаа предност и од 14 поени разлика, 36:22.
 
Но како одминуваше мечот Црвена звезда почна да ја топи предноста на Партизан. Се влезе во неизвесна завршница, а Били Берон со последниот шут на мечот им донесе триумф на црвено-белите од 76:75 и за нивна јубилејна 20. титула.
 
Но, фановите на Партизан имаат замерки за победничкиот кош на Били Берон. Сметаат дека тој направил чекор повеќе при постигнувањето на клучните поени.
 
Пресудете сами:
 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе