АБА лига

Црвена звезда го декласираше Будуќност во мајсторката и стигна до титулата во АБА лигата!

Црвена звезда се врати на тронот на регионалното кошаркарско натпреварување откако вечерва ја доби мајсторската против Будуќност со убедливи 97-54.

АБА лигата доби нов шампион, Црвена звезда по една година пауза се врати на тринот. Вечерва во мајсторката, тимот од Белград славеше со убедливи 97-54 во петтиот решавачки меч.

Почетокот на натпреварот беше одложен откако домашните фанови фрлаа со разни предмети по гостинските играчи, кои веднаш се повлекоа во соблекувалната.

Откако се смирија страсите, Црвена звезда доминираше на паркетот и во ниту еден момент не беше доведен во прашање победникот. Домаќините одиграа фуриозни во втората четвртина која ја добија со 29-8 и на пауза заминаа со +26 (47-21).

И покрај високата предност, Црвена звезда продолжи да притиска, ги доби и преостанатите две четвртини и на крајот славеше со високи 97-54.

Успехот на „црвено-белите“ е сосема заслужен, тие беа на првото место на табелата и загубија само еднаш на 22 натпревари во регуларниот дел.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе