Словенецот со неверојатна партија го реши Сакраменто

Чудесен кош и моќно враќање на Дончиќ, Лејкерс по продолжение го победија Денвер (ВИДЕО)

Лука Дончиќ ја санираше повредата и се врати против Сакраменто со кош што ќе се врти по најавните шпици и со 33 поени, па ЛА Лејкерс по едно продолжение стигна до победа на незгодното гостување кај Денвер.

Словенецот го мачеше ситна повреда на скочниот зглоб, се стравуваше дека тој би можел да го пропушти Ол-стар натпреварот, но Лука Дончиќ заздраве навреме и утрово се врати на терените со неверојатна партија.

Дуелот со Сакраменто го почна со чудесен кош, под прекршок и со една рака реализираше кош што се врти по најавните шпици. Мечот го заврши со 33 поени, 12 скока и 8 асистенции и го предводеше Далас до убедлив триумф од 130-111.

ЛА Лејкерс си замина од незгодното гостување кај Денвер со победа од 116-120,  на „езерџиите“ им беше потребно едно продолжение за да ги скршат „нагетс“.

Леброн Џејмс мечот го заврши со трипл-дабл учинок од 32 поени, 12 скока и 14 асистенции. Одлична партија имаше и Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок од 33 поени и 10 скока.

Во редовите на Денвер, Никола Јокиќ реализираше дабл-дабл учинок од 22 поени и 11 скока, а прв играч беше Мари исто така со дабл-дабл учинок од 32 поени и 10 асистенции.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе