ВО ИЗБОР НА МКФ

Чековски и Антиќ најдобри кошаркари за 2013 година

Македонските кошаркарски репрезентативци, Ѓорѓи Чековски и Перо Антиќ, се избрани за најдобри во изминатата 2013 година во избор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Крилниот центар на МЗТ Скопје го доби признанието за најуспешен во домашната кошарка, додека првиот Македонец во НБА-лигата е најдобар наш игра во странство. Марјан Србиновски од таборот на Кожув е најдобар тренер кај мажите, а Зоран Павлов од Кросиг во женска конкуренција.

Елена Раденковиќ е најдобра кошаркарка, а Андреј Магдевски најдобар млад кошаркар. Александар Милојевиќ е избран за најдобар судија, а новинарот Славчо Трошановски доби признание за животно дело.

 НАГРАДЕНИ ВО ИЗБОРОТ НА МКФ:

Најдобар македонски кошаркар во домашниот шампионот: Ѓорѓи Чековски (МЗТ Скопје)

Најдобар македонски кошаркар во странство: Перо Антиќ (Атланта)

Најдобар македонски тренер во сениорска машка конкуренција: Марјан Србиновски (Кожув)

Најдобра сениорска кошаркарк во Македонија: Елена Раденковиќ (Кросиг)

Најдобар млад кошаркар: Андреј Магдевски (Реал Мадрид)

Најдобар тренер во младинска машка конкуренција: Владимир Мирковски (Вардар)

Најдобар тренер во сениорска женска конкуренција: Зоран Балов (Кросиг)

Најдобар тренер во младинска женска кошарка: Марко Трајковски (Кросиг)

Најдобра млада кошаркарка во Македонија: Софија Лазаревска (Кросиг)

Најдобар судија: Александар Милојевиќ

Награда за животно дело: Славчо Трошановски.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе