Црногорскиот клуб бара промена на раководството на лигата

Будуќност: За нас АБА лигата веќе не постои!

Кошаркарскиот клуб Будуќност излезе со соопштение по инцидентите во финалниот меч против Црвена звезда во кој кошаркарите на црногорскиот клуб беа нападнати од публиката.

Будуќност бара смена на раководството на АБА лигата во спротивно нема да настапува во регионалното натпреварување. Тие се згрозени од она што се случуваше во Белград и се чудат како можеше натпреварот да се одигра, сметаат дека во најмала рака тоа требало да се случи пред празни трибини.
 
„По нападот кој го забележаа камерите и го пренесоа сите медиуми вклучувајќи ги и српските, а кои го снимија и членови на нашата делегација, кога играчите гаѓани со запалки, столици и други предмети и кога беа нападнати од страна на голем бој на навивачи на теренот, се повлекоа во соблекувалната спасувајќи се од агресијата потполно незаштитени од страна на полицијата и покрај ветувањата кои ги добивме. Повредени беа играчите Норис Кол, Суад Шеховиќ, а Немања Гордиќ беше погоден со стол. Свесни дека атмосферата е таква да нема услови да се одигра натпреварот, од челниците на АБА лигата за кои бевме информирани дека се уценувани од страна на Црвена звезда, баравме да се испразни салата или натпреварот да се одигра утре. На жалост, иако Новосел и Чабаркапа видоа дека нашите играчи во вистинска смисла на зборот едвај извлекоа жива глава и дека можеше дојде до сериозни повреди на кошаркарите и стручниот штаб со потенцијален смртен исход доколку уште неколку минути останеа на теренот, инсистираа на тоа да се вратиме за пет минути на теренот и ни се закануваа дека натпреварот ќе го регистрираат со 20:0 во корист на Црвена звезда. Иако бевме свесни дека во таа ситуација можевме да бидеме само поразени, прифативме со цел да ги сочуваме играчите и стручниот штаб. Горди сме на нашиот тим што во таква ситуација сепак излезе на теренот. За сите случувања детално и со докази ќе ги информираме сопствениците на клубовите во АБА лигата бидејќи со луѓето кои не донесоа во оваа неприфатлива и понижувачка ситуација, за нас АБА лигата не постои. Очекуваме смена на раководството“, стои во соопштението на Будуќност.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе