Бомба во НБА

Бруклин прави шампионски тим, со 300 милиони долари ги спојува Дурент и Ирвинг!

Од САД пристигнува вест дека Бруклин прави шампионски тим, „нетс" го обезбедиле потписот на Кевин Дурeнт и Кајри Ирвинг, а ќе им се придружи и искуснниот ДеАндре Џордан.

Кевин Дурент го напушта Голден Стејт и покрај тоа што „воините“ се подготвени да му понудат максимален договор од 221 милион долари.

Новинарот на ЕСПН, Адриен Војнаровски пренесе дека КД решил да се пресели на истокот и го одбрал Бруклин за следна дестинација каде ќе добие четиригодишен договор вреден 164 милиони долари.

„Нетс“ ќе донесат уште една суперѕвезда, односно Кајри Ирвинг кој треба да добие четиригодишен договор вреден 141 милион долари. 

На двете големи имиња ќе им се придружи и искусниот ДеАндре Џордан, па Бруклин во иднина сигурно ќе биде еден од претендентите за титулата.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе